Сан Антонио со победа 99-82 во „Американ Ејрланс арената“ ја започна финалната серија со Мајами во НБА лигата.


Најзаслужни за првиот триумф на “мамузите“ беше тандемот Тони Паркер – Тим Данкан, кои постигна 21 поен односно 20 поени.

Клучот во првиот триумф го имаше одбраната на Сан Антонио, која го задржа триото Вејд, Џејмс и Бош на 48 поени.


Вториот натпревар од финалето во НБА лигата се игра недела кон понеделник во раните утрински часови.

Мх.П.