Плејмејкерот на француската кошаркарска репрезентација, ден по елиминацијата на „триколорите“ од Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, не може да поверува во конечниот исход од мечот.
Паркер мечот со Шпанија го заврши со 10 поени, четири скока, шест асистенции и три загубени топки. Еден од најдобрите играчи во историјата на европската и француската кошарка беше далеку од своето вообичаено ниво, од поле тој погоди само четири од 17-те обиди.
„Јасно е дека не бев на посакуваното ниво во полуфиналето, не го кријам тоа. Зошто беше така? Можеби желбата беше преголема. Разочаран сум како одиграв. Можеби самиот си наметнав преголем притисок, бидејќи игравме на домашен терен. Во ниту еден момент не бев во посакуваниот ритам, не бев доволно добар, бев далеку од она што вообичаено го играм. Сепак, во текот на целата моја кариера играм под притисок…Никогаш не сум се подготвувал како за ова ЕП и кога сé вака ќе заврши се прашуваш што си им згрешил на боговите. Но таков е животот“, рекол Паркер.
Во малото финале домаќините на Евробаскетот ќе се сретнат со поразениот од вториот полуфинален дуел меѓу Србија и Литванија.
Ohridnews












