Добро познатиот битолски рок квинтет “Паркети” денеска во организација на “Габба Габба – Охрид”ќе одржат целовечерен концерт во Охрид, во кафе-барот Баланс.
Охриѓани а и викенд гостите ќе имаат можност да го проследат специфичниот настап на Паркети кои ќе ги изведат хитовите “На месечина те заборавив” , “Електрична фризура”, “Супермен” и секако евровизиската песна “Strawberry”.











