Лошите навики несовесните граѓани секојдневно ги манифестираат. На јавните површини и натаму можат да се забележат купишта отпад, иако речиси да нема дел од градот каде нема простор за одлагање на ѓубрето. Особено грда е сликата на паркиралиштата. Овие фотографии неодамна се направени на паркингот пред градската болница кој е еден од најпрометните. Паркингот тука не се наплаќа, но очигледно корисниците тоа не го ценат доволно, а просторот не се одржува соодветно.


Паркинг или депонија?

OhridNews