Паркирањето засега е дозволено на шеталиштето покрај кејот. Деца на ролери и пешаци сред автомобилски метеж, а дополнителен проблем претставуваат и забавните реквизити поставени на коловозот и по пешачките патеки.
Наскоро се очекува Советот на општина Охрид да ја изгласа одлуката за летен режим на сообраќај, со која се забранува движење на возилата во строгиот центар на градот.