Од ЈП Охридкси комуналец информираат дека нивните екипи во текот на ноќта и преку денот постојано  го расчистуваат снегот од коловозите и тротоарите, при што се користи сета механизација со која располага претпријатието.

– При тоа, проблем претставуваат паркираните возила заради кои не може да оперира нашето специјално возило, како и исчистениот снег од паркинг просторите кои вработените го фрлаат на веќе исчистените коловози, велат од јавното претпријатие.


Оттаму додаваат дека зависно од временските услови, нивните екипи ќе бидат постојано подготвени да интервенираат во расчистувањето на снегот.

OhridNews