Ракометарите на Вардар со соочија со непријатни вести пред завршниот дел сезоната, откако сопственикот Сергеј Самсоненко најави повлекување од клубот. „Црвено црните“ во четврток ги очекува пресметка со Пик Сегед во Скопје во првиот меч од 1/4 финалето во Лигата на Шампиони, а стратегот Гарсија Парондо верува во своите момци.
- Сезоната воопшто во глобала е многу тешка, но во ниту еден момент ние не помисливме да се откажеме, туку секојдневно трениравме во високо темпо, а нема ни сега. Ситуацијата не е најдобра за нас, но комплетно сме насочени кон двомечот со Пик Сегед и убеден сум дека ракометари ќе пружат напори над своите можности. – изјави шпанскиот стручњак.
Вардар со победата над Струга (29-24) го чекираше билетот за завршниот турнир во Купот на Македонија. Гарсија Парондо имаше пофални зборови за атмосферата и пријатната атмосфера во Струга и за екипата која добро се носеше.
- Најпрво да и се заблагодарам на домашната публика за пријатната и спортската атмосфера. Слушав убави работи за Струга, а се уверив, откако видов многу млади играчи кои на теренот изгледаа многу зрело. Ние ја одработивме нашата задача и стигнавме до учество на Ф4. На мечевите од 1/4 финалната група шанса добија помладите ракометари и ја искористија, а играа и некои играчи на кои им е потребна минута во пресрет на завршниот дел од сезоната. – додаде стратегот на „вардарци“.
OhridNews
КУП: Вардар ја совлада Струга, „црвено црните“ последен патник на Ф4