– Владо Стефаноски секогаш ќе остане симбол на човек со неспорен и редок интелект , човек со огромни познавања и елоквенција, човек со силно изразено патриотско чувство , човек со хуманост и разбирање, човек со комуникативност и духовитост, стои во соопштението на Општинскиот комитет на партијата.
По повод смртта на пратеникот Д-р Владо Стефаноски , градоначалникот Александар Петрески до неговото семејство и граѓаните упати порака со сочувство.
– Изгубивме добар човек, врвен стручњак во лекарската професија и почитуван и конструктивен политичар.Замина млад, но оставии видни траги и дела на кои со почит ќе се сеќаваат идните генерации.- стои во пораката за сочувство испратена од градоначалникот Александар Петрески до семејството на починатиот пратеник Д-р Владо Стефаноски.
Сочувство до семејството на пратениокот Стефаноски упати и претседателот на градскиот Совет, Душко Јаковчески.
-Доброто во него , заедно со се што направи во животот, ќе остави траен белег во меморијата на идните генерации- се вели во пораката за сочувство испратена од претседателот на Советот.
Пораки со сочувство упати и општинската организација на СДСМ.
Владо Стефаноски, примариус доктор, специјалист по медицина на трудот и Пратеник од Охрид во Собранието на Република Македонија од редовите на ВМРО ДПМНЕ, почина во петокот по тешко боледување.
Д-р Владо Стефаноски е роден на 29-ти април 1958 година. Завршил Медицински факултет и специјализирал медицина на труд и се стекнал со звање примариус. Беше долгогодишен член на ВМРО ДПМНЕ. Во периодот 2006-2008 Владо Стефаноски беше и претседател на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Охрид. Од 2008 година станува пратеник во Собранието на Република Македонија каде беше член во повеќе работни тела.
Посмртните останки на пратеникот Д-р Владо Стефаноски ќе бидат погребани денес на градските гробишта во Охрид