
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од денешната работна средба во Прилеп најави дека очекува во вторник изборниот законик да се најде на гласање во парламентот и со тоа да се затвори уште една точка од договорот во Пржино. Тој рече дека е постигнат голем напредок и дека во текот на утрешниот ден очекува изборниот законик да и биде презентиран на јавноста.
Партиски извори велат дека ВМРО-ДПМНЕ но и ДУИ и ДПА се изјасниле дека и на предвремените парламентарни избори треба да останат 6 изборни единици а на едена што било прифатливо само за опозициската СДСМ. Најверојатно во конечниот изборен закон на странците ќе помине предлогот на мнозинството односно ќе остане стариот модел, гласање во 6 изборни единици.
OhridNews
извор РСЕ











