
Во меѓувреме во тек се внатрешните процедури во партиите за избор на кандидати за пратеници. Предлозите на базата се испраќаат до централите на партиите кои ќе го направат последниот филтер. Во јавноста веќе се шпекулира со конкретни имиња на кои наводно им се даваат најголеми шанси да бидат на партиските листи за пратеници на претстојните избори, но официјално ниту владејачката ВМРО ДПМНЕ, ниту СДСМ ја немаат дефинирано конечната предлог листа во 5-та изборна единица. Во тек се внтрешни консултации во помалите партии кои исто така ги немаат официјализирано предлог листите за пратеници.
OhridNews











