Од ограноците на двете најголеми политички партии во Охрид, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, негираат поврзаност со анкетата.
Од ОО СДСМ велат дека слушнале дека се врши анкетирање, но се сомневаат дека тоа го прават политичките ривали. Во ОК на ВМРО ДПМНЕ велат дека немаат никаква врска со мерењето на рејтингот на потенцијалните кандидати за градоначалник и не знаат кој ја спроведува анкетата, која ја најавува долгата предизборна година во Охрид.