Обединети за Македонија на претстојните парламентарни избори ќе коaлицира со десниот политички блок, најави лидерот Љубе Бошкоски на централното собрание на партијата што се одржа денеска.
-Се уште сме во преговори со десно-центристичките пaртии од таканаречениот десничарски политички блок, иако ние како политичка сила не прифаќаме никакви блокови и поделби на леви и десни, но самата ситуација и нашата јасна профилаација како демохристијанска партија природно е да коалицираме, доколку се договориме и доколку бидат исполнети условите кои ние ги поставивме за коалицирање, ние ќе одиме во коалиција со десниот блок.- изјави Бошкоски.
OhridNews