Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ), во среда, 6. септември, во 19 часот, со пригоден коктел ќе го означи официјалното отворање на Канцеларијата на Општинската организација во Охрид. Канцеларијата, седиштето на Партијата е на Булеварот „Туристичка“, во објектот  Мини базар на „Гранит”, наспроти ОУ „Григор Прличев”.

Примарниот фокус на делувањето на ПОПГМ се грижата и унапредувањето на статусот и позицијата на полулацијата од такавиканото “третото доба”, но со своите програмски определби, подеднакво е отворена за сите грагани, без разлика на возраста, социјалниот статус, верско убедување и национална припадност.

– За Охрид, ова е од особено значење, бидејќи градот, сам по себе, е значаен не само за овдешните пензионерите, односно за полулацијата од “третото доба”, туку и од целата земја. Најнапред со убавините, уреденоста на градот со парковските површини и цветните алеи, каде најчесто заседнуваат постарите, но и поради големиот број викендици и викенд становите каде, надвор од шпицот на сезоната, престојуваат постарите лица, па се до тн. здравствен туризам, односно  можностите што градот институционално ги пружа на тој план: Кардиолошкиот центар, каде на пост – оперативно закрепнување и опоравување, доаѓаат главно пензионери од целата земјата, односно Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо”, велат од партијата.

Оттаму, додаваат дека за Охрид од големо значење ќе биде најавената изградба на Дом за стари лица, што со својот капацитет, опременоста и високото ниво на услугите што ќе ги пружа, заедно со градот и крајезерскиотв амбиент, ќе биде привлечен и за популацијата од “третото доба” во Европа и светот.

OhridNews