
-Одговорните во локалната самоуправа за информирање на јавноста се дрзнаа со невистинити, непримерни и фингирани фотографии и текст да се стават бесрамно во служба на политичкиот маркетинг на ДПМНЕ. Објавениот текст и фотографиите ни оддалеку не кореспондираат со вистината, односно со она што денес се случуваше при одбележувањето на празникот. -стои во реакцијата.
Од СДСМ забележуват дека во информацијата не е објавена ниту една фотографија од чинот на поклонение и полагање на свежо цвеќе на споменикот на Христо Узунов на градскиот плоштад, каде што учество зедоа повеќе делегации. Посочуваат дека на чествувањето свои делегации од политичките партии имале само ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, но службата за информирање на општината најмногу простор одвоила за фотографиите на кандидатите за пратеници од ВМРО ДПМНЕ од Охрид
– Сето ова само уште еднаш ги докажа нашите тврдења дека политичкото полтронство, нестручноста, непрофесионалноста и партиските додворувања наголемо владеат и доминираат во општинските служби, дури и во свечени моменти и случувања, кои се значајни за сите граѓани, без оглед на нивната партиска, верска, етничка или национална припадност. – се вели во реакцијата на ОО на СДСМ Охрид.

-Апелираме оваа злоупотреба на поерталот на општината во предизборни цели веднаш да прекине, а веста админситраторите да ја повлечат во петок на полноќ за општината да не го прекрши изборниот молк и да не биде дополнително казнувана и финансиски оптоварувана. – се вели меѓу другото во соопштението на ВМРО НП.
OhridNews











