Фудбалерите на Партизан, го добија 161-то белградско дерби победувајќи ја Црвена Ѕвезда со 2-0 (0-0) на домашен терен во 9-та рунда од Првата српска лига.

„Црно белите“, и го нанесоа првиот пораз на Црвена Ѕвезда која е актуелен шампион во српскиот шампионат. До победата во вечното дерби домаќините стигнаа со голови во последните десеттина минути од средбата. Во 83-та минута Сума погоди за 1-0 а во 90-та Тошиќ стрелаше за 2-0. Помеѓу двата голови на Партизан, Црвена Ѕвезда остана со фудбалер помалку после црвениот картон на Вулиќ.

Партизан со 17 бодови после седум одиграни натпревари се наоѓа на петтата позиција, додека Црвена Ѕвезда со бод повеќе е четвртопласирана. Лидер во Првата лига е Бачка Топола со два натпревари повеќе во однос на вечните ривали од Белград.

OhridNews