„Црно белите“ не успеаја да го совладаат Јавор на домашен терен играјќи 0-0 и ја расипаа 68-та роденденска прослава на спортското друштво Партизан.
Навивачите на Партизан популарните „гробари“ направија шоу на трибините, но нивните миленици не им возвратија во иста мера и одиграа без голови со деветто пласираниот на табелата.
По осум одиграни натпревар во Првата лига, Партизан е лидер на табелата со 17 бодови, Чукариќки има 14 додека најлутиот ривал на „црно белите“, Црвена Ѕвезда има 13 бодови на своето конто.
Мх.П.