Екипата на Партизан со победата над Смедерево 2-0 ја обезбеди 25-та титулата во Јелен супер лигата.


Најзначајниот чекор до шестата титула во низа “црно белите“ го направија минатото коло кога со 1-0 го совлада градскиот ривал Црвена Ѕвезда, а со триумфот над Смедерево теоретски ја заверија шампионската круна.


Во шампионскиот низ на Партизан голем удел има и репрезентативецот на Македонија, Александар Лазевски, кој е незаменлива алка по левата бековска позиција.

Мх.П.