Фудбалерите на Партизан ќе играат во финалето од Купот на Србија. „Црно белите“ пласман во финалниот натпревар обезбеди на најдобар начин, победувајќи го најголемиот ривал Црвена Ѕвезда со минимални 1-0.

Во првиот дел мрежите мируваа, но страсти на теренот и трибини имаше многу. Двете екипи креираа изгледни прилики за погодок, но голманите беа на висина од задачата и не дозволија погодок во сопствената мрежа.

Борбата на теренот продолжи во второто полувреме. Партизан во 58-та минута преку Натхо успеа да го отвори резултатот и да поведе со 1-0. На водечкиот погодок му претходеше одличен дриблинг на Садик, кој од игра исфрли двајца противнички играчи.

Во продолжение дербито понуди неверојатна битка. Неколку играчи се повредија и предвреме го завршија дербито, а мечот во Белград се играше неверојатни 101 минута. Партизан до крајот ја задржа минималната предност и закажа меч со Војводина во финалето.

OhridNews