Од Македонија се изнесени повеќе од сто илајди артефакти. Ова во вчера во Битола го потенцираше директорот на Управата за културно наследство Паско Кузман, кој тврди дека низ светот може да се најдат повеќе од стотина илјади артефакти отркиени на македонска почва.
 
Според Паско Кузман, овие артефакти со непроценлива вредност од историски,  уметнички и пред се национален апсек, се наоѓаат во музеите од поранешните југословенски држави, Србија, Хрватска, Словенија, во Британија и во други музеи насекаде низ светот.

-За жал, за сите предмети што се оттуѓени пред Втората светска војна нема правна основа да се побараат, но се што е по Втората светска војна, би требало прво на доброволна основа да се направи обид тие да се вратат во Македонија, вели Кузман.

Тој објаснува дека македонската страна ќе покаже доблест и ќе ги врати нивните артефакти, притоа неведувајќи го примерот со споменикот на кралот Александар кој во 1943 г.  бил фрлен во Охридско Езеро.

-Ако го пронајдеме, треба да го вратиме во Србија а за возврат да ни бидат вратени маските од Требеништа, вели Кузман.

Ohridnews