Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, ќе оди во пензија, а на негово место ќе се именува нов директор, објави весникот „Фокус“, пренесува порталот „инфо+“.

Според весникот, во текот на денот ќе биде распишана постапка за именување нов директор. Владата му се заблагодари на Кузман за досегашниот ангажман и е задоволна од неговите резултати и придонесот во културната сфера.

Директорот Кузман ги исполнил условите за одење во пензија пред две недели, кога наполнил 65 години. Тој беше на чело на Управата од 2006 година во два мандата.

OhridNews