Сите ќе настрадаме поради таа фирма, е коментарот на екс директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, околу поднесената кривична пријава за злоупотреба на службената положба во која се теретат Кузман и одговорно лице во хрватска фирма која требало да ги изведе работите за возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник

Во телефонскиот разговор за OhridNews, Паско Кузман вели дека многумина се „зафатени“ поради работењето на фирмата од Сплит.

– Сите ќе бидеме некаква колатерална штета, што друго да кажам. Не се сеќавам на детали освен дека се расправав со сите претставници на таа фирма и сакав да почнат работите на Плаошник, ама никако не почнаа и на крајот мислам дека меѓу првите го раскинав договорот со таа фирма, изјави за OhridNews, Паско Кузман.

Според Управата за финансиска полиција, Паско Кузман со незаконско работење го оштетил Буџетот на РМ во вкупен износ од 34.374.482 денари.

OhridNews