Oпозициската социјалистичка партија ПАСОК објави победа над владејачките конзервативци од Нова демократија на денешните предвремени парламентарни избори во Грција, јави МИА. Високи претставници на партијата, меѓу кои и поранешниот министер Евангелос Венизелос изјавија дека социјалистите извојувале „историска победа“ над конзервативците.Пасок објави победа на изборите во Грција
04.10.09 21:59
Oпозициската социјалистичка партија ПАСОК објави победа над владејачките конзервативци од Нова демократија на денешните предвремени парламентарни избори во Грција, јави МИА. Високи претставници на партијата, меѓу кои и поранешниот министер Евангелос Венизелос изјавија дека социјалистите извојувале „историска победа“ над конзервативците.По пребројување на 15,36 проценти од гласовите, ПАСОК на Јоргос Папандреу води со 43,16 проценти, а Нова демократија на премиерот Костас Караманлис е втора со 36,21 проценти. Ако резултатите се потврдат, ПАСОК ќе освои апсолутно мнозинство во парламентот и ќе може самостојно да формира влада.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











