
Согласно риболовните основи што ги изготви Хидробиолошкиот завод од Охрид, новиот концесионер во првата година ќе може да излови 2000 килограми пастрмка, 500 кг. белвица, 4000 килограми крап, како и плашица
200.000 кг. и тоа ловот за плашица по пат на мелиоративен риболов во
соработка со научна установа овластена од областа на рибарството.
максимум 3 м за пастрмка и белвица, односно 5 м за крап, додека за
другите видови риба височините на мрежите се помали. Бројот на мрежи по ден, по рибар и по вид риба, како и
бројот на риболовни денови за секој вид риба е ограничен.
Според најавите новиот концесионер ќе вработи 50 лица, ќе поседува современи чамци и софистицирана опрема за заштита на рибниот фонд.
Охридското Езеро е без концесионер 8 години.












