
Во оваа рибарница ексклузивно ќе се нуди свежа риба од Охридското Езеро. На овој начин граѓаните со сигурност ќе можат да набават пастрмка, белвица, крап и други видови охридска риба, бидејќи неретко се случува неавтохтона риба од други езера и рибници на пазарот да се нуди како риба од Охридското Езеро.
По повод отворањето на рибарницата и претстојните празници, само во текот на оваа недела, „Пастрмка 2012“ ќе нуди белвица по цена од 350 денари за килограм и охридски крап по цена од 250 до 300 денари за килограм, во зависност од големината на рибата.
Рибарницата на „Пастрмка 2012“ во внатрешноста на Градскиот пазар, ќе работи од 09 до 16 часот.












