Авантуристичкиот филм ,,Пат до Божиќната ѕвезда” ќе се прикажува во Охридскиот Центар за култура ,,Григор Прличев” од 2-ри до 4-ти јануари 2014 година. Влезот за кино проекциите на овој филм кој е синхронизиран на Македонски јазик, ќе биде 50 денари.

Во оваа норвешката божиќна приказна режирана од Нилс Гауп, а продуцирана од Норвешкиот огранок на Волт Дизни, се раскажува за една храбра девојка која ќе тргне на авантуристичко патување. Таа ќе трага по Божиќната Ѕвезда со цел да го ослободи кралството од проколнување и да ја врати назад одамна изгубената принцеза, но некои злобници ќе пробаат да ја сопрат во својата нејзината намера.

OhridNews