Авантуристичкиот филм ,,Пат до Божиќната ѕвезда” ќе се прикажува од утре до 4-ти јануари Центарot за култура ,,Григор Прличев” во Охрид. Влезот за кино проекциите на овој филм кој е синхронизиран на Македонски јазик, ќе биде 50 денари.

Во оваа божиќна приказна режирана од Нилс Гауп, а продуцирана од Норвешкиот огранок на Волт Дизни, се раскажува за една храбра девојка која ќе тргне на авантуристичко патување. Таа ќе трага по Божиќната Ѕвезда со цел да го ослободи кралството од проколнување и да ја врати назад одамна изгубената принцеза, но некои злобници ќе пробаат да ја сопрат во својата нејзината намера.

OhridNews