Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани и ограничувања, по претежно влажни коловози. Поради ниските температури, можна е појава на голомразица на планинските и осојничави места. На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, информираат од АМСМ. Особена внимателност се препорачува низ клисурите и планинските превои поради честата појава на поситни одрони.

Потсетуваме дека патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица од клучката на Р- 501 со Р 504 се одржува во текот на зимскиot период во должина од 9км до месноста Корита, а останатата делница останува според стариот режим на сообраќај – сезонски е целосно затворена за секаков вид на сообраќај во двата правци во период  до 31 март 2012.

OhridNews