Туристите од Јужна Кореја, од кои седуммина загинаа при превртување на брод во Дунав во близина на Будимпешта, не носеле елеци за спасување, објави Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја.
Официјални лица во Сеул соопштија дека досега се спасени седум туристи и дека 19 од нив се водат за исчезнати.Од Министерството истакнуваат дека е вообичаено туристите да не носат елеци за спасување за време на пловидбата по Дунав.