Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица , од месноста Корита до зимскиот центар Отешево повторно е отворен за сообраќај , информираат од Авто- мото сојузот на Македонија.
Оттаму, потсетуваат дека на овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.
Овој патен правец за сообраќај беше затворен од средината на месец ноември.
OhridNews













