Патниот правец Р-504, Трпејца – Отешево, кој поминува низ Националниот парк Галичица, денес нема да биде отворен за сообраќај.
Иако секоја година, на 15- ти март завршува забраната за движење на овој патен правец, тоа годинава нема да се случи затоа што дел од него, од страна на Преспа, сеуште е под мраз. Од Македонија пат велат дека ќе биде отворен кога за тоа ќе бидат создадени услови.


Како што е познато, овој патен правец години наназад во зимскиот период се затвора за сообраќај, дури и кога временските услови се поволни.

На ваквата состојба, во повеќе наврати реагираше јавноста која смета дека патниот правец треба да се одржува и во зимскиот период со цел да се искористат можностите кои планината Галичица ги нуди за развој на туризмот.Реагираше и Локалната самоуправа која исто така бараше патот на Галичица да се одржува и во зима.

Од Македонија пат објаснуваат дека не постојат технички услови за одржување на овој патен правец, а според надлежните нема ниту економска оправданост за тоа, затоа што на Галичица не постоле туристички содржини кои масовно се користат.

OhridNews