Рускиот претприемач Дмитриј Ицков, кој го финансира и предводи проектот под назив „Аватар“, тврди дека патот кон бесмртноста е само прашање на време.
Како што пренесува Дејли Мејл, тој нагласува дека низ десетина години човечкиот ум ќе може да биде „даунлодиран“ во роботи, што на среќниците кои ќе се подложат на овој експеримент, ќе им овозможи пат кон „вечен“ живот.
Ицков ангажирал 30 научници за да ја достигне својата цел, со што, како што нагласува, во целост може да се промени начинот на кој постоиме и живееме.
„Личноста со совршен ’Аватар’ би можела да стане нормален дел од општеството. Разбирам дека ова е голем предизвик за научниците, но верувам и во нешто што се нарекува ’американски сон’. Ако во нешто ја вложите сета своја енергија и време, сигурен сум дека тоа можете да го претворите во нешто полезно за идните генерации“, вели Ицков.
Тој неодамна ги контактираше руските милијардери на кои им предложи финансирање на овој проект, кој им го претставил како „кибернетичка бесмртност“. Тој верува дека човечката свест би можела по хируршки пат да се „трансплантира“ во робот, по што умот би се вчитал или „аплодирал“ без операција, оставајќи го човечкото тело како празна обвивка, бидејќи нивните сопственици ќе продолжат да живеат во роботот.
„Нова цел на науката е да се создаде алтернативно тело за човечките суштества, кое ќе поседува совршена подлога, што на човечкиот мозок би требало да му овозможи да живее во ново, механичко опкружение“, рече Ицков на „Конференцијата за глобална иднина 2045“.
Дуодрамата „За нас почнува животот“ во режија на Дејан Пројковски и текст на Ѓеорг Шпиро на репертоарот во НУЦК „Григор Прличев”-Охрид во четврток, 23 мај, со почеток во 2030 часот Режисерска...
Потребна е посеопфатна анализа и пристап кон децата со аутизам за поставување на дијагнозата, од која подоцна зависи и третманот, вели Валентина Павловска Златановска, родител на дете со аутизам ко...
На 17052024 во СВР Охрид, пријавено е дека во 0810 часот во Општа болница во Охрид починало деветмесечно бебе Бебето претходно со Итна медицинска помош било донесено во неконтактибилна состојба Уви...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.