Жителите од Велестово се жалат дека патот кон ова охридско село деновиве, со паѓањето на температурите под нулата, е тешко прооден, затоа што на одредени места има мраз.

–    Патот и кога е топло не е многу безбеден, но деновиве движењето со автомобил е многу тешко. На многу места од коловозот има мраз и затоа апелираме до надлежните да фрлат сол и песок за да се овозможи безбедно одвивање на сообраќајот, велат жителите на Велестово.

Од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ информираат дека во најскоро време на овој патен правец ќе биде фрлена сол и песок со цел да се овозможи безбедно одвивање на сообраќајот. Потенцираат дека до нив, од страна на месната заедница на селото, досега не било пријавено дека движењето е отежнато поради појава на мраз.

OhridNews