Од Авто мото сојузот на Македонија информираат дека патниот правец Р2332 Охрид-Ресен, преку националниот парк Галичица (врска со Р1307 Царина – врска со А3 и Р1301 – Трпејца), од вчера, 02.05.2020 е повторно отворен за сообраќај за возила со вкупна маса до 3.5 тони.
Овој патен правец ќе може да се користи до 15.11.2020, кога повторно ќе биде затворен за сообраќај.
Според надлежните служби, задолжени за одржување на патиштата, не постои економска оправданост патот преку Галичица да се одржува во зима, бидејќи многу малку се користи, а притоа е небезбеден и сериозно оштетен.
OhridNews












