Од Авто мото сојуз на Македонија информираат дека регионалниот пат Р-2332 (Трпејца- Царина) низ национален парк Галичица, од вчера, 30-ти април, е оспособен за сообраќај за сите видови моторни возила со вкупна тежина до 3.5 тони.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
OhridNews












