Со цел да се збогати туристичката понуда на Република Македонија од областа на културниот тиризам и активностите во природа, во текот на оваа година планирано е да се изврши Мапирање на патот Виа Игнација.

Ова е предвидено во рамки на Годишната програма на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2015 година, во делот на активностите за развој на туризмот. Според планираното, проектот подрзбира уредување и означување на римската магистрала, со што истата ќе стане погодна за организирање на рекреативни тури и ќе биде подостапна за туристи.

Виа Игнација или Виа Егнација е римска магистрала направена околу 146 п.н.е. Името го носи по Гнеј Егнациј, проконзул на Македонија кој ја изградил. Се простирала преку Илирија, Македонија и Тракија, преку денешна Албанија, Македонија, Грција и Турција. Направена е со цел да се поврзат јадранските колонии со Византиум. Таа била и еден од 28-те римски патишта кои се простирале низ Римската Империја. Патот Виа Игнација започнувал и поминувал по релацијата Драч – Елбасан – Струга – Охрид – Битола – Воден – Постол ( Пела) – Солун – Амфиполис – Кавала – Ипсола – Малгора – Ерџели – Селамбриа – Визант.

Инаку во рамки на годишната програма за развој на туризмот предвидени се и средства за реализирање на проектот „Планинарски патеки“. Со овој проект ќе се уредат и обележат постојните и ќе се создадат и нови планинарки патеки. Во рамки на овој проект, планирано е да се изврши промоција на истите преку изработка на водич и е-водич.

Заради збогатување на туристичката понуда во Македонија и развивање на руриалниот и алтернативниот туризам, АППТ годинава планира да спроведе и проект за уредување и обележување на планински велосипедски патеки, за кои исто така е предвидено да се изготви водич и е- водич.

OhridNews