На оваа најава, од локалната самоуправа коментираат дека премиерот Груевски ги присвојува заслугите за инфраструктурните објекти кои ги изградила општина Охрид.
– На крајно лицемерен начин и за ситно партиски цели , премиерот и лидер на ВМРО- ДПМНЕ Никола Груевски , денеска свечено ќе го пушта во употреба реконструираниот пат од Лескоец до Скребатно , најавувајќи дека патот е инвестиција на Владата на Република Македонија. Јавноста треба да знае дек овој пат го градеше Општина Охрид , го реконструираше и го асвалтираше со свои свредства кои се двојно повеќе отколку средствата за кои владата вели дека се нивни , а всушност се кредит од Европската банка за обнова и развој, велат од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески.
Оттаму додаваат дека патот од Лескоец до село Скребатно бил изграден и асфалтиран во 1996 година , а до манастирскиот комплекс бил завршен во 2000 година. Во 2012 година бил проширен , реконструиран и асфалтиран.
– Општина Охрид изготви проект, издаде градежна дозвола и аплицираше пред Европската банка за обнова и развој при што за проширување и асфалтирање добиен е кредит од 500.000 евра , а Локалната самоуправа за овој пат досега има вложено околу милион евра. Чесно е да се каже дека во изградбата на патот со свои прилози учествуваа и верниците кои во текот на целата година го посетуваат манастирскиот комплекс во Скребатно, нагласуваат од кабинетот на градоначалникот.
При тоа, најавуваат дека Локалната самоуправа , свечено ќе го пушти во употреба патот од Лескоец до Скребатно на 7- ми ноември на Денот на ослободувањето на Охрид.