Во пресрет на патрониот празник,новата година и божиќните празници, ОЕМУЦ “Св.Наум Охридски” организира свечена програма која ќе се одржи во четврток со почеток во 18 часот.
Во режија на Благица Хаџи Јованоска предвидено е учениците да изведат сцена од драмата “Чекајќи го Годо” од Семјуел Бекет.
Во рамки на училиштето, свечено ќе биде отворен и кабинетите по козметика и роботика, а ќе се доделат и награди и признанија на ученици и вработени.











