Учениците на Основното училиште „Кочо Рацин“ од Охрид денеска  со пригодни свечености и со свечена приредба ќе го обележат патрониот празник на училиштето-22 декември. На овој ден годинава се навршуваат 103 години до раѓањето на Коста Апостолов Солев Рацин.

Кочо Рацин е роден во селото Лопушник кај Велес, на 22 декември 1908 година. Бил македонски книжевен деец и комунистички активист, најпознат по својата поезија. Се смета за еден од основоположниците на современата македонска литература, а неговата стихозбирка „Бели мугри“ претставува едно од најзначајните поетски дела во македонската современа литература. Освен со поезија, Рацин се занимавал и со проза, а напишал и неколку значајни трудови од областа на историјата, философијата и литературната критика. Починал на 13 јуни 1943, но не се разјаснети сите подробности околу неговата смрт, поради што постојат сомневања дека бил убиен.

OhridNews