Четириесет и шест годишен пациент од Неготино, кај кој беше добиен позитивен изолат на листерија, почина денеска претпладне на клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, јавува „Макфакс“.
Пациентот беше хоспитализиран на 3 август , под клиничка слика на акутен гастроентероколит, кај кого со дополнителни испитувања беше потврдена инфекција и на централниот нервен систем.
Поради влошување на болеста, пациентот беше поставен на механичка вентилација. Во лекувањето покрај инфектолози, беа активно вклучени и анестезиолози од КАРИЛ.
И покрај сите превземени тераписки мерки состојбата на пациетот константно се влошуваше со несакан исход на болеста, се вели во соопштението на на клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби .
Во последните два месеци ова е петти смртен случај од листерија, а опасната бактерија е потврдена кај десет пациенти досега.
OhridNews
извор:“Макфакс“