Паун во Св. Наум остана без дел од перјата, откако посетителка од само неа познати причини, а можеби се работи и за некакво суеверие, реши да понесе со себе необичен „сувенир“. 

-Перјата на пауните паѓаат но овие се искубани, се познава по бојата, прокоментира очевидец на настанот, инаку помошник во црквата. 
Како посетилката стигна до необичниот „трофеј“ и за што ќе и служи, не успеавме да ја прашаме, бидејќи брзо го напушти дворот на манастирската црква, кој беше преполн со верници.
OhridNews