Охридските советници веќе шест месеци немаат добиено месечен надоместок за работа во советот на општината.

Како што објаснуваат од локалната самоуправа станува збор за недоразбирање. Пари од општинскиот буџет се издвоени, налозите за исплата потпишани, но поради ненавремено плаќање на персонален данок парите заглавиле во Управата за јавни приходи.

Штом овие средства се префрлат на сметка на општината, тие веднаш ќе им бидат исплатени на советниците, објаснуваат од локалната самоуправа.

Од советничката група на ВМРО- ДПМНЕ прашуваат како е можно некој друг, да биде виновен за неисплаќањето, освен оној кој треба да ги исплати.

Во овој случај локалната потврдува дека се повеќе влегуваме во ера на манипулации од страна на градоначалникот со одоговорите и се повеќе е јасно дека и по изминати осум години не сфатил што значи да се биде градоначалник, вели координаторот на оваа советничка група, Дејан Паноски.

Паушалите на советниците и претходно доцнеа. Последниот исплатен е заклучно месец декември.
Висината на месечниот надоместок на советниците е околу 14.000 денари.

Т.К.