Селекцијата на Русија за двомечот со Ирска и Македонија нема да може да смета на една од своите ѕвези, напаѓачот на англискиот премиерлигаш Тотнехем, Пављиченко.

Пављиченко ќе ги пропушти квалификациските натпревари против Ирска и Македонија поради повреда на скочниот зглоб. Тој нема да патува со селекцијата во Даблин и во Скопје –  соопшти селекторот на Зборнаја, Дик Адвокат.

Наместото на Роман Пављиченко ќе биде повикан Александар Бухаров, напаѓачот на Зенит.

OhridNews