Охриѓанецот Огнен Павлоски беше дел од ултрамаратонот кој во чест на трагично починтиот Тоше Проески се трчаше од Нова Градишка до гробот на Гумење во Крушево.
Експедицијата беше составена од 16 маратонци кои по тешки временски услови штафетно ги претрчаа 1100 километри во чест на мега ѕвездата. За време на ултрамаратонот македонските атлетичари се менуваа на секои 20 до 40 минути , односно на претрчани 5 до 10 километри, додека во поголемите градови сите трчаа заедно.
– Саботата во 6:16 тргнавме од стадионот во Нова Градиска од каде што било подигнато со хилихоптер телото на Тоше, каде е изграден и споменик. На стартот не испратија фановите на Тоше од Хрватска. Од самиот старт имавме проблеми со дождот кој не пратеше низ цела Хрватска. После 20 часа трчање стигнавме на српската граница. Во Белград стигнавме во 5 часот изутрина и таму имаве неколку часовен одмор, а потоа имавме едно часовно дружење со фановите на Тоше од Србија – вели Павловски кој за прв пат беше дел од овај ултра маратон.
Во Македонија експедицијата во Скопје беше пречекана од фан клубот на Тоше и градоначалникот Коце Трајановски. По одморот во арената “Борис Трајкоски“ маратонците ја посетија населбата Ново Лисиче каде пред неколку месеци беше изградена фонтана во чест на Тоше. На пладне пристигнаа во Крушево каде беа пречекани од голем број крушевчани.
– Маратонот беше доста напорен. Иако според претрчаните километри 60-80 км за 78 часа не изгледа екстремно напорно, но краткото време за одмор помеѓу две етапи (5-8 часа) кои ги поминувавме во комбе го прават овај маратон многу напорен. Но сите маратонци знаевме за кого трчаме и дадовме се од себе – истакна Павлоски.
За мене, вели тој, трчањето на овај маратон беше голем предизвик,. „Се оди до крајните граници на издржливоста , но е исто така голема чест и гордост што трчам во чест на Тоше Проески“-истакна Павловски.
Од фондацијата „Тоше Проески“ велат дека од следната година маратонот ќе биде интернационален. За Тоше на четири годишнината од неговата смрт ќе трчаат маратонци и обожаватели од Македонија,Бугарија, Србија, Словенија и од Хрватска.
Во рамки на 20-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува кај екипата на МРК Куманово Ракометарите на Охрид се надеваат дека ќе ја продолжат серијата на позитивни резултати Натпрева...
Во организација на „Sport Brother Ohrid“, овој викенд во Спортскиот центар „Климент Колески“ започнува фудбалскиот турнир „Езерска бизнис лига“, кој има за цел да ги обедини спортот, тимската игра ...
Кошаркарите на Охрид загубија на отворањето на плеј-оф фазата во Првата лига Попладнево во салата “Билјанини извори” ГКК Охрид загуби од КК Соколи Штип 55:75 Првото полувреме донесе изр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.