Триумфот на Колибрите над Црн Дрим, четврити во низа за охриѓани ги смести на втората позиција на табелата. Охриѓани покрај мечот, добија и екстра засилување во Мартин Павловски, кој за Колибри настапува како позајмен од МЗТ Скопје.
– За мене е големо задоволство што сум дел од кошаркарскиот тим на “Колибри“, во тимот одлично се вклопив , и добро сум примен од соиграчите – се првите впечатоци на новајлијата Мартин Павловски.
Павловски, имаше “огнено“ крштевање на езерското дерби против Црн Дрим кое охриѓани го добија со 65-56. Со 18 поени тој беше и најпрецизен на мечот.
–
На езерското дерби имаше голем број домашни навивачи, кои ни наметнаа голем притисок па во мечот влеговме со мала трема. Како одминуваше мечот така одминуваше и тремата и се привикнавме на атмосферата. Штета што се случи прекинот, по кој моравме да чекаме еден час за да се вратиме на теренот. Успеавме да ја минеме психолошката бариера и со лавовско залагање со пресврт да славиме во Струга – рече Павловски
.
Охриѓани кои се зацврстија на втората позиција на табелата, во наредното коло на домашен терен го пречекуваат лидерот Карпош Соколи кој се уште нема пораз во лигата.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com