Глобалниот тренд кој го следат над 15 милиони купувачи во педесеттина земји кои се дел од „Cashback“ светот кој секојдневно расте, пристигна и во познатиот трговскиот бренд од Охрид „Топ Маркет“.

Од сега сите што имаат „Cashback“ картички или мобилна апликација и се дел од оваа растечка мрежа која нуди бенефиции при купувањето, со секое пазарење во некој од „Топ“ маркетите во градот, добиваат поврат на пари на својата сметка и шопинг поени кои потоа множат да ги искористат за купување.

Пазарењето во „Топ Маркет“ сега има додадена вредност

Се што треба да направите е да ја покажете вашата „Cashback“ картичка или мобилна апликација, каде, пак, може да ги најдете сите места каде може да пазарите со „Cashback“. Доколку не сте дел од милионската мрежа задоволни купувачи кои со секое пазарење во објектите каде има „Cashback“ oстваруваат поврат на средства, можете истата да ја добиете со само неколку чекори на вашиот компјутер или мобилен на следниот линк.

Со „Cashback“ апликацијата која се симнува од вашиот App store, истата ви е секогаш на дланка, без разлика дали кај вас во регионот, во целата држава или во целиот свет, во над 400.000 продавници, физички или онлајн, меѓу кои се и многу светски познати брендови, а од сега и во познатиот охридскиот ланец маркети „Топ Маркет“.

OhridNews