Како резултат на неодамна спроведената акција од страна на пазарната инспекција, поради пречекорување на работното време,  од синоќа затворени се “Табана, “Дак“ и “Ликвид“ познати угостителски објекти во центарот на Охрид.


Согласно одредбите на Законот за угостителска дејност, при пречекорување на работното време, казната за правните субјекти изнесува 2500 евра како и затворање на објектот.

Доколку работното време е надминато до максимум 30 минути, на објектот му се изрекува забрана за работа во наредните десет дена од примањето на решението. Во случај на пречекорување на работното време повеќе од еден час од пропишаното, казната е 30 дена затворање на објектот.


Од пазарната инспекција најавуват дека контролите врз угостителските објекти ќе продолжат и во наредниот период, со цел да се утврди колку од нивна страна се почитуваат одредбите од законот.

Ohridnews