Интернационалниот судија Кире Негриески се погрижи да биде во главна улога на бараж мечот за влез во третата МФЛ одигран на Билјанини Извори, помеѓу Лешани и Демир Хисар.
Негриески натпреварот кој заврши со 7-1 го водеше небаре се води “војна“ покажувајќи четири црвени картони. Еден на “гостите“ и дури три за “домашните“ од кои два директни. Во финишот на мечот Лешанци мораа да стравуваат да не го налутат Негриески па да им исклучи уште еден играч, па и при водство од 7-1, да го изгубат мечот со службени 3-0 и да не се пласираат во баражот.
Својата “големина“ касапот Негриески ја искажа на нашиот фоторепортер не дозволувајќи му да ја извршува професионално својата работа. “Исклучувањето“ на фоторепортерот следуваше по реакцијата на аситентот и познавачот на фудбалските правила Симе Грданоски.
Вистинско прашање е од кога судиите па макар биле и интернационалци, ќе имаат таква моќ, да одлучуваат кој што може да работи на фудбалскиот терен, небаре гледачите и известувачите се дојдени да ги гледаат нив, а не фудбалерите.
Докога фудбалот во Македонија ќе се игра за службените лица кои без никаков слух (чест на исклучоци), се обидуваат да уништат нешто што екипите го граделе во целата година , кои пак едвај врзуваат крај со крај да ги подмират таксите на службените лица.
Кога конечно ќе сватат дека фудбалот не се игра за нив, туку за гледачите, кои поради ваквиот однос од ден на ден ги има се` помалку и помалку на трибините.
Крилниот играч Крсте Андоновски, со Тиквеш го одигра последниот натпревар во дресот на ГРК Охрид каде ја мина целата своја кариера Поранешниот капитен на екипата синоќа се прости од навивачите, а в...
Ракометарите на Охрид втора сезона едно по друго обезбедија настап во ЕХФ Европскиот Куп Во последното коло од плеј-офот, вечерва, ГРК Охрид во салата „Билјанини извори“ убедливо го совлада Тиквеш ...
Денес ГРК Охрид го игра најважниот натпревар во кој победникот обезбедува место во ЕХФ Европскиот куп за следната сезона Во рамки на 10-то коло од плеј-офот денес „Гладијаторите“ ја пречекуваат ек...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.