Доколку поминувате по тротоарот покрај хотелот Палас мора добро да внимавате,  затоа што во спротивно (не дај боже), може да паднете во некоја од отворените шахти. Капаците на шахтите се најверојатно украдени, а отворите на истите се незаштитени и не само што претставуваат лоша слика за центарот и шеталиштето на Охрид, туку се и потенцијална опасност за случајните минувачи.

-Опасно е преку ден, а може да замислите како е ноќе, кога е помалку осветлено. Шахтите се длабоки повеќе од два метра. Мислам дека треба некој од надлежните што побрзо да превземе некакви мерки и истите да ги заштити, додека не е случена некоја поголема несреќа.-вели еден наш сограѓанин, кој често поминува по овој тротоар.


Вакви отворени и незаштитени шахти има и во голем дел од другите насеби од Охрид, кои според граѓаните се честа мета на препродавачите на старо железо.

Е.Е.