186 урбанистички планови се започнати, а не се завршени според добиените податоци кога ја преземавме локалната власт рече градоначалникот Кирил Пецаков, одговарајќи на советничко прашање во врска со состојбата со урбанистички планови кои се во фаза на постапување или се во фаза на поднесени иницијативи.

Добар дел од урбанистичките планови се во хартиена форма. Разговарајќи со претставници од Министерството за транспорт и врски во однос на овие планови кои се во хартиена форма најверојатно ќе треба да се почне постапка одново, зошто не може да се вметнат во системот. Охрид пред себе има како град предизвик во однос на урбанистичките планови, а дополнително е што во последниве 2,5 година имаме изработка односно урбанизирање на сите села во Општина Охрид, планови кои се некои на средина, некои на сам крај, а дел уште ни почнати.

Доста предизвици кои ќе ни следат по однос на урбанизмот ќе ги решаваме тековно заедно со службите, рече Пецаков, додавајќи дека направена е и нова Комисија за урбанизам, бидејќи на старата на дел им биле истечени овластувањата, со што во оваа Комисија ќе бидат активни и членовите и замениците.

Овие урбанистички планови и се тоа што треба да помине преку оваа Комисија ќе добие на динамика со која граѓаните би биле задоволни по однос на урбанизирањето. Охрид има потреба од воспоставување на правила во урбанизмот. Поради тоа што години се случувало наназад имаме 186 нерешени уранистички планови, веројатно е дека се стимулирани тие дивоградби години кои дефинитивно не донесоа до некаков загрозен статус. Решавање на проблемите од областа на урбанизам за граѓаните е наш врвен приоритет, рече Пецаков.

Евидентно е дека имаме серија нови бесправни градби во подножјето на планината Галичица, што општината презема во оваа насока, односно дали градежната инспекција е излезена на терен и кои мерки ги има преземено, рече советничката Живка Ангелеска упатувајќи прашања до градоначалникот Пецаков.

Кажавте дека сте биле сведоци на дивогради ќе ве замолам да кажете кои во подножјето на Галичица за да видиме дали е конкретно постапено, затоа што сите оние претставки кои се дојдени врз основа на редовните состаноци со инпекторатот е постапено и нормално дека е започната постапка со надлежните служби. Точната бројка во однос на негативните решенија кои се дадени и на локации за во НП Галичица и на охридското крајбрежје не ја знам. Во периодот кој што следи за решавање на сите овие предмети, во однос на овие пет месеци, заедно со советникот за УНЕСКО од страна на Владата на РСМ, претседател на комисијата на УНЕСКО, претставници од Министерството за култура, Министерството за транспорт и врски, Управата за заштита на културно и историско наследство, често разговараме и комуницираме за ова.

Спорни се уште два-три плана кои би се носеле, рече Пецаков додавајќи дека во наредниот период треба да се застане и токму на овие места да не се носат не позитивни, туку никакви решенија.

Неодамна и министерот за транспот и врски Благој Бочварски исткана дека Министерството за транспорт и врски, преку Државниот инспекторат за градба постојано врши инспекциски надзор врз изградбата на објекти на охридското крајбрежје и во заштитената зона, упатувајќи апел до сите институции за контрола и санкционирање на нелегално изградените објекти во Охрид и регионот, за да не дојде до загрозување на статусот во УНЕСКО на охридскиот регион.

Н.С.Ј.