Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до сите христијани кои големиот верски празник Божиќ го слават по Јулијански календар.

Во  добро здравје со чиста мисла и ведар дух започнете го празнувањето со кое се величаат духовните и морални вредности кои ги поврзуваат луѓето, а нашите срца се отвораат за добри дела. Минете ги овие денови онака како што налага традицијата мирно и радосно во кругот на семејството со најмилите. Сакајте се и не правете лошо зошто со своите постапки ќе ги потврдите најголемите вредности на Божиќ- надеж, вера и победа на доброто, вели градоначалникот Пецаков во честитката.

Додава дека сите ние во духот на божиќните празнувања треба да ги прифатиме различностите во мислењето како придонес во барањето решение, а не како проблем. Зошто Божиќ е празник кој упатува на толеранција меѓу луѓето.

Овој празник нека ни даде снага мирно и достоинствено да ги победиме сите искушенија и зла. Бог нека ни подари верба заеднички да создадеме услови за подобар и посреќен живот за нас и нашите деца. Да создадеме град во кој сите луѓе со добра волја ќе живеат во мир и благосостојба, додава градоначалникот Пецаков.

На сите православни христијани им го честитам големиот верски празник Божиќ. Христос се роди! – Вистина се роди!- стои во честитката на градоначалникот Пецаков, по повод големиот верски празник Божиќ.

OhridNews